Почнува 55. Драмски аматерски фестивал во Кочани

Со словенечката претстава „Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа“ на Културното друштво „Шатор Шторје“ од Словенија, вечер ќе почне 55. Драмски аматерски фестивал во Кочани под мотото „Уметноста е долга, животот е краток“.
Ќе бидат изведени 16 аматерски претстави од исто толку ансамбли и една професионална, скопската хит комедија „Чао пријатно“ на театар „Чао пријатно“ која ќе биде изведена на затворањето на фестивалот на 2 јуни.
Ќе има над 210 учесници од 16 театарски групи: Културно друштво „Шатор Шторје“ од Словенија и Аматерскиот театар „Хранислав Драгутиновиќ“ од Прокупље, Србија. Од Македонија ќе учествуваат Младинска сцена на Интимен театар од Битола, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје, Драмското студио „Карло Голдони“ од Дебар, Малдинското драмско студио „Прличко“ од Велес...
Изборот на претставите е на актерката Јасмина Билаловиќ, во жирито се актерите Горан Стојановски и Наталија Тодосиевска и драматургот Билјана Крајчевска. Фестивалот ќе додели награди за најдобра главна и споредна машка и женска улога, најдобра режија, специјална награда и главната - Гран-при - за најдобра претстава на фестивалот.
- Тоа е Фестивал во којшто искрено се негува љубовта кон театарот. Речиси и да не постои човек кој се занимава со театарот во каква било форма, како режисер, актер или сценограф, којшто не почнал на оваа манифестација. И сите актери, режисери и други театарски работници со особена топлина се сеќаваат како почнале во Кочани. Некои од нив во 1960-тите години, други деценија подоцна и така со ред, вели Дарко Спасов, новиот претседател на фестивалот.
Во рамки на годинашниот ДАФ ќе бидат одржани манифестации, промоции на книги, работилници, ликовни перформански, театар на сенки…, а посебен акцент годинава е ставен на гостувањето на Словенецот Марко Брецељ, ексцентричен, мултимедијален уметник попознат како фронтмен на „Булдужер“ - jугословенскиот рок-бенд од 1970-тите и 1980-тите години.
Фестивалот годинава од Центарот за култура „Бели мугри“ се проширува во предворјето на Центарот и во градскиот парк.
Ново на Сител
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
