Почнува 55. Балкански фестивал на народни песни и игри
Традиционално со настап на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ вечер на сцената „Долни Сарај“ ќе почне 55. јубилејното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
Љубителите на фолклорот утре ќе може да ги проследат настапите на ансамблите „Александар Македонски“ од Мелбурн и „Гоце Делчев“ од Битола, како и КУД „Дримкол“ од Вевчани.
На фестивалската програма в сабота се настапите на ансамблите „Китка“ од Истибања и „Македонски бисери“ од Австралија и фолклорниот Ансамбл од Турција. На затворањето на фестивалот во недела, ќе настапат ансамблите „Пловдив“ од Бугарија, „Искра“ од Црна Гора и КУД „Отексфолк“ од Охрид.
Покровител на фестивалот е Собранието на Република Македонија, а финансиски е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и пријателите на фестивалот. Влезот на сите фестивалски вечери е слободен, а настапите почнуваат во 21 часот.
Ново на Сител
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје
-
Лазарини: Од Рафа побегнаа 800.000 луѓе, нема безбедно место во Газа
-
Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис
-
Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен
-
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патиштатa
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција