Македонија
7. July 2016 - 8:46

Почнува 55. Балкански фестивал на народни песни и игри

Традиционално со настап на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ вечер на  сцената „Долни Сарај“ ќе почне 55. јубилејното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Љубителите на фолклорот утре ќе може да ги проследат настапите на ансамблите „Александар Македонски“ од  Мелбурн и  „Гоце Делчев“ од Битола, како и КУД „Дримкол“ од Вевчани.

На фестивалската програма в сабота се настапите на ансамблите  „Китка“ од Истибања и „Македонски бисери“ од Австралија и фолклорниот Ансамбл од Турција. На затворањето на фестивалот во недела, ќе настапат ансамблите  „Пловдив“  од Бугарија, „Искра“ од Црна Гора и КУД „Отексфолк“ од Охрид.

Покровител на фестивалот е Собранието на Република Македонија, а финансиски е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и пријателите на фестивалот. Влезот на сите фестивалски вечери е слободен, а настапите почнуваат во 21 часот.