Почнува 12. Биенале на млади уметници

Во Музејот на современата уметност од денеска до 28 март ќе се одржува 12. Биенале на млади уметници, насловено „Ќе биде ли доцна ако времето запре?“
Годинава куратори на Биеналето се Ивана Васева, Бојана Јанева-Шемова и Владимир Јанчевски, а е дефинирано преку три сегменти кои опфаќаат изложба, презентации на млади уметници од земјава, како и регионална дискурзивна програма.
Биеналето на млади уметници се надоврзува на петгодишната манифестација „Современи македонски уметници - Млада генерација“ започната во 1967 година како одговор на потребите на развиената сцена преку воведувањето на селективност во претставувањето и следење на определени вредносни критериуми.
Прераснувајќи во биенална манифестација, првите четири изданија (1987-1993) им овозможувале на авторите осмислување на сопствената работа во контекстот на југословенските и светските движења, а и следење на развојот по дисциплини. Од 2001 година, т.е. петтото Биенале, во сооднос со општествено-политичките случувања во земјава, одлучено е да се понуди општа слика или панорамски поглед за релевантните текови на младата ликовна сцена, понекогаш дополнета со уметници од странство и со студенти од ФЛУ од 2005 година, а подоцна и тематски одредници и прашања кои кураторите и организаторите ги сметале за релевантни да се отворат.
Ново на Сител
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
