Почнат увидот за утврдување на причините за пожарот во Тетово

Денеска од 10 часот е започнат увидот во поранешниот тутунски комбинат „Македонија табак“ каде во понеделникот избувна пожар што предизвика голема материјална штета. Во пожарот беа повредени околу петнаесет пожарникари кои десетина часа се бореа за локализирање и ставање под контрола на огнената стихија.
-Дадени се наредби на експерти од повеќе области при Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења во МВР да почнат со утврдувањето од каде и како започнал пожарот. Присутни се експерти за хемиски анализи, од противпожарна област и слично, како и претставници на електродистрибутивната компанија и МВР, брифираа денеска од Обвинителството.
Околу пожарот, утре состанок треба да одржи и Општинскиот кризен штаб, информираше градоначалникот Биљал Касами.
-Според информациите што ги имам од Кризниот штаб после гасењето на пожарот 24 часа требало противпожарната единица и полицијата да го обезбедат местото и во тоа време да излезе Обвинителството за утврдување на причините. Немам информации дали е направен увидот и кои се првичните информации. Утре имаме седница на Општинскиот кризен штаб на која ќе се информираме за сите овие работи, изјави Касами.
Општинскиот кризен штаб по првата седница побара проверка на мерењето на квалитетот на воздухот од Владата, како и други мерки за справување со последиците од пожарот.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
