Почнаа поправките на детските и повеќенаменските игралишта во Кочани
Пред почетокот на пролетта, како и секоја година, надлежните служби од Општина Кочани извршија увид во состојбата со детските, повеќенаменските игралишта и спортските сали со кои стопанисува Локалната самоуправа со цел да ги извршат неопходните поправки.
Според извештајот на службите, констатирани се оштетувања на лулашките и на спортските реквизити.
- Во наредниот период ќе ги поправаме скршените клацкалки, искинатите синџири на лулашките, ќе ја обновиме бојата и песочната подлога кај детските игралишта. Кај повеќенаменските ќе поставиме нови мрежи на местата на искинатите, а ќе ги замениме и скршените кошеви и скинатите оградни мрежи, најави Горан Ивановски од Одделението за уредување на градежното земјиште.
Пред почетокот на санацијата, Општината апелирa на совесно однесување на граѓаните кон комуналната и урбаната опрема во градот.
- Најавуваме и акции на синхронизирано дејствување на полицијата и комуналните редари од Општина Кочани. За соработка ги повикуваме граѓаните кои ќе бидат сведоци на вандалско однесување кон јавното добро, случаите да ги пријават на телефонскиот број на Општина Кочани, 033 274 001. Кон лицата што ја уништуваат опремата, ќе бидат преземани соодветни казнени мерки, соопшти градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила