Почна зимското сметање на времето
Летното сметање на времето заврши изутрина во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што почна зимското сметање на времето.
-Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s. Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето, соопштија од Министерството за економија.
Законот за сметање на времето налага потреба од донесување на Одлука за воведувањето на летното сметање на времето.
Оваа Одлука, како што е наведено во соопштението, е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.
-Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, какои водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, велат од Министерството за економија.
Оттаму посочуваат дека со ова се води сметка за непречено функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар, олеснување на транспортот и комуникациите и географската положба, намалување на стопанските и нестопанските влијанија а посебно врз: користењето на електричната енергија, здравјето на човекот, работната способност, начинот на живеењето, земјоделството, заштитата на животната средина, безбедност во сообраќајот, туризмот и индустријата.
Во Република Северна Македонија важи средноевропското зонско време.
Ново на Сител
-
Градоначалникот на Белград најавува повлекување од политиката
-
Во торбата и пронашле куршуми, уапсена 19 годишна девојка на охридскиот аеродром
-
Поради снегот, повеќе лица заглавени во Општина Студеничани
-
МОН: Децата ни се најважни, инклузијата ја приближуваме до нивните потреби
-
Герасимовски: Сензорни соби во 5 училишта, ангажиравме 50 лични асистенти, бесплатен паркинг за лицата со општетен слух
-
Во мобилната телефонија 1.919.695 претплатници, 449.868 фиксни линии
-
Кралот Чарлс, наводно, го поканил својот брат, принцот Ендрју, на Божиќниот семеен собир
-
Грав, грашок и соја е поздрава храна за вегетаријанците, отколку лабораториското месо и растителното млеко