-->
-->
Почна тестирање со брзи тестови во Кочани, Кавадарци, Велес и Куманово, Битола и Делчево
-->
Министерството за здравство информира дека од вчера започна тестирањето со брзи антигенски тестови во Општите болници во Кочани и Кавадарци, Здравствените домови во Велес и Куманово. Денеска, со брзи тестови почнуваат и Здравствените домови во Битола и Делчево, а Центарот за јавно здравје Битола од понеделник, 30 ноември.Во овие јавно-здравствени установи, во петокот на 20 ноември беше спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето со овие тестови.
И во другите региони, следствено, во моментов се одржуваат обуки на кадар и испитувања на условите потребни за отпочнување на тестирање.
Досега, на девет локации во Република Македонија, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.
Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот КОВИД-19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски - брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голема акција за чистење во општина Кисела Вода
-

И утрово исклучително висок степен на загаденост на воздухот во Белград
-

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1 300 до 1 800 евра
-

За еден месец 101 санкции за непрописно вградени фолии
-

Студено утро, најниска температура измерена во Берово
-

Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија
-

Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“, известувањата ќе се добиваат преку СМС и на е-маил
-

Дабл-дабл на Дончиќ недоволен Лејкерси да избегнат пораз од Феникс
