Почна судењето за убиството на Саздо

Во Кривичниот суд во Скопје денеска започна судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиство на дваесетгодишниот Никола Саздовски.
Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, на почетокот на денешното рочиште инсистираше расправата да биде снимана тонски и визуелно. Претседателката на судечкиот совет Даниела Алексовска Стојановска побара техничка асистенција и го овозможи тоа.
Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда. Тие му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако им ја покажал неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите, нанесувајќи му тешки телесни повред, од што паднал во кома. Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули почина на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Основното јавно обвинителство за смртта на Никола Саздовски, тројцата обвинети ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“.
Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Шутка“, а за третиот осомничен кој се уште е недостапен распишана е домашна и меѓународна потерница.
Ново на Сител
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
-

Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
-

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија од страна на ПССЕ
-

Рекорден снег во Москва - над 60 см по 32 години | ВИДЕО
-

Во битолската Зоолошка градина пцовиса нилскиот коњ Берта
-

Натпревари за „големото“ финале на Европското првенство во ракомет
