Почна судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица

Со воведни зборови на обвинителството и на одбраната денеска во Струмица почна судењето за хеликоптерската несреќа по повеќе од пет години, откако претходно два пати беше одложувано.
Обвинети се Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“, Драгослав Радески и одговорното лице на јавното претријатие. Обвинението ги товари за тешки дела против општата сигурност.
Обвинетите се изјаснија дека не се виновни, а нивните бранители рекоа дека вината за трагичната несреќа не може да се бара кај обвинитети и дека 120-метарскиот неосветлен антенски столб, во кој удрил хеликптерот, не е причина за загинувањето на четворицата пилоти на МВР.
Одбраната смета дека се работи исклучиво за несреќа која се должи на повеќе фактори или причини, од кои на прво место се повеќе системски слабости во организацијата на безбедноста на воздушниот сообраќај во државата и констатирани слабости кај државни институции како што се Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ и МВР како сопственик на хеликоптерот и работодавач на загинатите пилоти и целокупната организација на користењето на хеликоптерите при изведување на летови, особено со користење на опрема за ноќно летање.
Адвокатите на обвинетите потенцира дека не е јасно како хеликоптерот еднаш се обидел да слета на површина со искосена трева и откако не успеал слетал на друго место оддалечено 1.300 метри од местото на несреќата, каде била извршена замена на пилотите и потоа хеликоптрот зазел погрешен курс на летање по што удрил во антенскиот столб на ЈП „Македонска радиодифузија“. Покрај тоа, тие тврдат дека пилотите летале со топографска карта од 1973 година, наместо со навигациска карта, а комуникацијата со контрола на летање била прекината по Валандово и немало најава за вон аеродромско слетување.
Адвокатите во воведните зборови изнесоа и други тврдења за невиноста на нивните клиенти и истакнаа дека во текот на судењето ќе докажат дека тие не се виновни.
Адвокатот на оштетените смета дека е најважно што конечно почна судскиот процес за хеликоптерската несреќа.
-Очекувањата во текот на постапката се дека и во воведните говори обвинитетите не го оспорија клучниот факт дека антенскиот столб, кој е еден од четирите во државата, бил неосветлен и правните недостатоци на институционални слабости воопшто не се битни за оваа несреќа. Сметам дека во текот на постапката има сериозни докази од страна на обвинителството со кои ќе се докаже одговорноста и вината на обвинитите, рече Игор Мицев, адвокат од Скопје.
Во хеликоптерот произведен 2008 година на 10 јули 2014 година пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-
Во моментот на урнувањето, хеликоптерот тип МИ17 со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.
Судењето продолжува в понеделник.
Ново на Сител
-

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк денеска треба првпат да се појави пред суд
-

Во Центар Жупа изградено првото детско игралиште
-

Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот
-

Бугарската влада на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет
-

Полицијата во Софија приведе 57 демонстранти, откриени ножеви, „боксирачи“ и пиротехника
-

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
