-->
-->
Почна судењето на поранешниот претседател на Брегот на Слонова Коска
-->

Во Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска почнува судење на поранешниот претседател на Брегот на Слонова Коска, Лоран Гбаго поради граѓанската војна што почна откако тој загуби на избори во 2010 година. Во војната животот го загубија 3.000 луѓе.
Гбаго е првиот поранешен претседател на држава изведен пред тој суд. Тој и Шарл Бле Гуд кој исто така е обвинет за тој случај, тврдат дека не се виновни.
Судењето би можело да трае три до четири години.
Обвинителството тврди дека Гбаго осмислил план да остане на власт откако загубил од противкандидатот Аласан Катаре на избори во ноември 2010 година и се товари за злосторства против човештвото и одговорност за масовни убиства, силувања и прогон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
