Почна рочиштето за „Поткуп“, треба да се прикаже целата снимка
Во Кривичниот суд почна рочиштето за „Поткуп“ на кое треба да биде пуштена целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.
Судијата Дарко Тодоровски одлучи да го прифати барањето на Заев и неговите адвокати снимката да биде пуштена на рочиште на кое ќе биде присутна и јавноста.
На денешното рочиште присутен е и сведокот Иван Николов Сачевалиев, кому според обвинителниот акт Заев му побарал поткуп.
Минатото рочиште за „Поткуп“ беше одложено затоа што во Судот немаше техничка можност за презентација на ваква снимка.
Заев и неговите адвокати побараа од Судот да не се исклучува јавноста кога ќе се гледа снимката во судница, бидејќи само јавна презентација на целосната снимка ќе може да врати дел од изгубената чест и углед на премиерот.
Како премиер и претседател на СДСМ, како што рече Заев, бара снимката да биде транспрентно до крај и јавно презентирана за да можат граѓаните да имаат свој впечаток за тоа што се случувало и за што всушност се разговарало.
Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште
Ново на Сител
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата