-->
-->
Почна реконструкцијата на водоводот во Ресен
-->
Општина Ресен почна со реконструкција на градскиот водоводен систем во должина од околу осум километри, со средства обезбедени од Европската инвестициона банка.
Првата фаза од реализацијата на проектот, како што информира градоначалникот Ѓоко Стрезовски, почна од улицата „Наум Веслиевски“, од просторот пред Живинарската фарма кон крстосницата со улицата „Јосиф Јосифовски“, а предвидува замена на азбесните цевки.
- Со тоа практично започна првата фаза од реализацијата на еден од најголемите проектни зафати во Општина Ресен во последните неколку децении, вреден над 600.000 евра. Во рамки на проектните активности, ќе се реализираат реконструктивни зафати на поголем дел од главните улици во градот, во вкупна должина од околу осум километри, по што ќе се реконструира водоводната мрежа на уште неколку поголеми улични системи во Ресен, изјави Стрезовски.
Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Маркоски К73“ од Струга, а целосната реализација на двете фази од проектот, според најавите на изведувачот, се очекува да завршат за околу една година.
- Општина Ресен прави напори за обезбедување средства за реализација на секундарните индивидуални приклучоци, кои треба да чинат околу 200.000 евра, со што во голема мера би им се олеснило на граѓаните приклучувањето на примарната водоводна мрежа, истакна Стрезовски.
Втората фаза од проектот, со кој ќе бидат опфатени уште неколку поголеми улици, се очекува да почне кон крајот на годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори
-
Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ
-
За моето семејство напаѓам како лав | Роберт Спасенцовски - Џокер | Sitel Podcast 117
-
Николоски: На 19-ти да гласаме, од 20-ти да работиме, време е за промена и во Валандово
-
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира
-
Мачадо: Нобеловата награда за мир е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“
-
Крадел производи поставени пред маркет и нападнал вработена - приведен кавадарчанец