Почна реконструкцијата на улицата „Мите Богоевски“ во Ресен
Општина Ресен почна со реконструкција на улицата „Мите Богоевски“, која е дел од поширокиот простор на градскиот плоштад во Ресен.
Со реконструкцијата на 300 метри од оваа улица и дел од градскиот плоштад, според градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски, ќе се добие ново партерно уредување на улицата која ќе биде наменета само за пешаци. Ќе има осветлување со канделабри и урбана опрема од клупи и канти за отпадоци, а улицата ќе биде и хортикултурно уредена.
- Реконструкцијата на централната пристапна улица „Мите Богоевски“ ќе претставува вистинско визуелно освежување во централното градско подрачје на Ресен. Очекуваме дека ќе биде во функција на естетско и функционално надградување на централниот градски простор, изјави Стрезовски.
Градежните активности, посочи градоначалникот, предвидено е да траат до почетокот на летото, по што очекува пристапната улици до ресенскиот плоштад да добие нов лик.
За реконструкцијата на улицата „Мите Богоевски“ од општинскиот Буџет издвоени се четири и пол милиони денари.
Ново на Сител
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода
-
Шукова: Старата чаршија ќе заживее
-
Загрижувачки тренд на пораст на бројот на пацинетки со карцином на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на коалицијата на СДСМ во Кавадарци