Почна реконструкцијата на шеталиштето во Трговскиот центар во Кочани
Општина Кочани почна со реализација на проектот за реконструкција на шеталиштето во централниот дел на Трговскиот центар, за што од сопствениот буџет инвестира околу 14 милиони денари.
Според техничкиот проект, ќе се обнови целиот плочник и придружната комунална инфраструктура на површина од 2.800 квадратни метри на просторот од платото пред „Македонски телеком“ до кулата „Треска“, а на исток преку тунелот до големиот паркинг.
– Планираме шеталиштето и скалите во Трговскиот центар да бидат поплочени со гранитни плочки, а целиот простор ќе биде осветлен со вградени подни ЛЕД светилки и рефлектори. Исто така, ќе се постават нови клупи и придружна комунална опрема со што ќе се подобри функционалноста и естетскиот изглед на една од најпрометните површини во Кочани, истакна Влатко Димитров, раководител на Секторот за урбанизам на Општина Кочани.
Заедно со реконструкцијата на шеталиштето ќе се направи ново хортикултурно уредување на просторот, а ќе се вгради и одвод за атмосферската вода.
Изведувач на градежните работи е компанијата „Исток мермер“ од Долни подлог, која има рок до седум месеци да ја комплетира реконструкцијата.
Ново на Сител
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои