Почна реконструкцијата на регионалниот пат Прдејци-Смоквица
Реконструкцијата на регионалниот пат Прдејци-Смоквица на територијата на општина Гевгелија, кој е дел од програмата на јавното претпријатие за државни патишта,почна во изведба на екипи на ЈП „Македонија пат“.
По тампонирањето на патот, денеска почна и негово асфалтирање по што патот, за кој се издвоени 180 милиони денари, ќе биде целосно реконструиран по барање на локалните жители на кои ќе им користи полесно да стигнат до своите земјоделски имоти.
Летово беше извршена реконструкција и на регионалниот пат Миравци-Давидово, а веднаш по завршувањето на работите на овој патен правец од општина Гевгелија најавија експресно почнување на реконструкцијата и на регионалниот пат Гевгелија-Негорци.
- Очекуваме во текот на наредната недела да започнат изведбените работи на овој пат со должина од 6,5 километри. Само неговата реконструкција, која се предвидува да заврши за три месеци, ќе чини 90 милиони денари кои се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта, велат од општината.
Ново на Сител
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија