Почна реконструкцијата и адаптацијата на спортската сала во комплексот на УКИМ

Спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, која повеќе години е оставен во руинирана состојба, конечно биде ставена во фунција за потребите на студентите. Министерството за спорт го означи почетокот на градежните работи за комплетната реконструкција и адаптација на салата во вкупна вредност од 54 милиони денари.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, на официјалниот старт нагласи дека салата, која повеќе од 10 години стои руинирана без сопственик, конечно ќе биде ставена во функција до крајот на година.
- Конечно покажавме како министерство дека сакаме и поставуваме стандарди и ги исполнуваме ветувањата. Направивме пет реконструкции на спортски сали и над 45 реконструкции на отворени игралишта. Без спортска инфраструктура нема резулати - изјави Ристовски.
Проектот чини 55 милиони денари и треба да биде завршен до крајот на годината.
Ректорката на УКИМ, проф. Биљана Ангелова, нагласи дека со ова се решава децениски проблем.
- Првиот договор е направена 2007 година, но од тогаш досега имаше низа проблеми од дозвола до изведување на градежните работи. Сега се реши правниот статус на салата, која најпрво премина во владение на Владата, а потоа со одлука на Влада е предадена во владение на УКИМ. Паралелно направенi се нов проект и ревизија за обновување на градежната дозвола, која беше истечена пред десетина години. Очекуваме во брзо време да биде ставена во функција - изјави ректорката Ангелова.
Салата ќе служи на околу 7 000 студенри на УКИМ и, како што беше посочено, значителнo ќе го унапреди универзитетскиот спорт.
МИА
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
