Почна реализацијата на „Македонија вработува 2“

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов одговарајќи на пратеничко прашање информира дека денеска почнала реализација на проектот „Македонија вработува 2“, кој претставува продолжение на проектот „македонија вработува„ со кој за период од 1 година се отворени околу 19 илјади работни места.
- Би сакал да ги поттикнам сите приватни субјекти да ја информирам јавноста дека од денеска па во следните 12 месеци започнува проектот „Македонија вработува 2“ и сите оние коишто се заинтересирани можат да ги искористат поволностите за ослободување на плаќање на социјални придонеси во зависност од категоријата на невработени лица што ќе ја вработат во период од три до пет години, додека пак за оние невработени до 35 години покрај ослободувањето социјални придонеси ослободување од персонален данок, рече Спасов.
Продолжувањето на проектот, потенцира тој, е резултат на ефектите што тој ги даде за период од една година и поради неговиот придонес во намалувањето на невработеноста.
Тој, додаде министерот Спасов, почна да се спроведува во април минатата и заврши во април годинава и овозможи значителен пад на невработеноста за период од 12 месеци.
- Споредбено првиот квартал 2015 со првиот квартал 2016 година невработеноста во РМ се намали за цели 2,8 проценти поени што впрочем е и најголемото намалување на невработеноста во нашата држава од кога е воведена анкета за работна сила за период од 12 месеци за заклучно со првиот квартал 2016 година да изнесува 24,5 проценти што е пак историски најниско ниво на невработеноста во нашата држава, рече Спасов.
Информира дека проектот „Македонија вработува“ резултирал со вкупно 19.000 новоотворени работни места во над 10.140 компании од кои, што е битно е да се истакне, дека над 90 проценти биле мали компании со десет вработени односно дека овој проект им помогнал токму на малите работодавачи и на малите бизниси.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
