Почна расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа

Со високи тонови претпладнево почна пленарната седница во грчкиот Парламентот за ратификација на Договорот од Преспа. Од Нова демократија, Демократска алијанса, Златна зора и Независни Грци излегоа со барања и обвинувања до грчката Влада.
Никос Дендиас, координатор на пратеничката група на Нова демократија, побара да биде доставен македонскиот Устав како што изгледа по гласањето на амандманите, објаснувајќи дека тоа е „неопходен елемент и предуслов за дискусија, зошто треба јасно да сфатиме која ќе биде реалноста ако грчкиот Парламент го изгласа договорот“. Пратеникот од опозициската партија рече дека она што го доставил алтернативниот шеф на грчката дипломатија е Уставот каков што бил пред да се направат уставните измени. Тој додаде дека Јоргос Катругалос треба да го достави новиот Устав, ако негира, Парламентот да го обврзе да го стори тоа, а ако не постои да стане и да каже дека не постои.
За комплетниот текст од Уставот говореше и координаторот на пратеничката група на Демократска алијанса, Андреас Ловердос, кој рече дека тие бараат официјален документ, а не текст симнат од сајт. Исто така, од грчката Влада, уште на вчерашниот состанок на комисијата побарал осум документи, а истото го стори и денес. Од документите што ги бара, еден е од Министерството за надворешни работи на Грција, еден од Министерството за одбрана и шест што се однесуваат на Генералштабот на армијата. Додаде дека овие документи се неопходни, а без овие документи „почнува дискусија со недостиг на информации“.
Ловердос рече дека ако владата ги достави документите ќе се види дека постои сериозен проблем што се однесува на двете отстапки што ги направи владата во прашањата со националноста и јазикот.
Од Златна зора и Независни Грци говореа за противуставноста на целиот процес.
Пратеникот од Златна зора, Илиас Касидиарис имаше приговори за вербалната Нота од македонското до грчкото МНР бидејќи пишувало Република Македонија. Тој рече дека грчката Влада, требала овој документ „да го врати во Скопје, да го искине и да го фрли во канта за отпадоци“. Спомена дека немало потпис од претседателот
Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, повторно праша дали според договорот соседите „имаат право на самоопределување како македонски народ?“
По изнесените барања од политичките партии, на пратениците им се обрати алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос.
Расправата почна во 10.15 по локално време, ќе трае колку што ќе биде потребно, а планирано е за ратификацијата на Договорот од Преспа, пратениците да гласаат утре вечер.
Ново на Сител
-

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма
-

Мицкоски очекува намалување на инфлацијата, најави жестоки акции кон маркети со нефер трговски практики
-

Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга, бараат „итен доказ дека се живи“
-

Следува потопло време, локални врнежи од дожд - пообилни кон средината на идната седмица
-

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта
-

Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
