Почна протестот на Самостојниот синдикат за здравство
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита утрово, пред Работничкиот дом (ССМ), го почна најавениот протест за неселективно вработување, усогласување на платата согласно Законот за минимална плата и зголемување на коефициентите како додатоци на плата.
- Со протестот сакаме да го искажеме нашето незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор и да укажеме на неминовноста, односно неопходноста од неговото потпишување веднаш по формирањето на новата влада, изјави Љубиша Каранфиловски.
Протестот под мотото „Здравството на протест за плата“, од Работничкиот дом ќе продолжи кон Министерството за здравство каде се предвидени изјави на претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.
Протестот е поддржан од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Паралелно, денеска, здравствените работници ќе излезат на протест и пред здравствените домови низ државата.
Ново на Сител
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран