Македонија
27. April 2016 - 19:58

Почна протестот на граѓанската иницијатива „Протестирам“ во Скопје

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ попладнево 14-ти пат по ред организира протест против одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов за аболиција, а се бара и негова оставка и одложување на изборите закажани за 5 јуни.

И денеска протестот почна пред Специјалното јавно обвинителство, а продолжи пред Собранието на Република Македонија.

Граѓанската иницијатива протестите ги започна на 12 април.