Почна проектот бесплатен туристички викенд за пензионери
Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска во општина Дојран го означи почетокот на проектот бесплатен туристички викенд за пензионери, што се реализира втора година.
- Започнавме со негова реализација минатата година и како резултат на задоволството на сите учесници во овој проект го продолжуваме. Исто така и Сојузот на здруженијата на пензионери имаше иницијатива за продолжување на проектите за бесплатна бањска климатска рекреација и бесплатен туристички викенд за пензионери, изјави Спасов и додаде дека како Владата и понатаму ќе продолжи со реализација на проектите што го подобруваат животот на пензионерите.
Тој рече дека почнувајќи од овој викенд, па се до мај се очекува околу 2.500 пензионери да ја искористат оваа бесплатна услуга која, како штопојасни опфаќа два полни пансиони и бесплатен превоз во еден од туристичките центри - Охрид, Преспа, Дојран, Берово или Крушево.
- За реализација на овој проект ќе издвоиме околу 9 милиони денари, при што очекуваме до мај околу 2.500 пензионери да ја искористат оваа бесплатна услуга, а од септември уште околу 500 и со тоа да ја заокружиме планираната бројка од 3.000 пензионери, истакна Спасов.
Овој проект, посочи, верувам дека влијае и на раздвижување во туристичките центри во Мокаедонија во месеците кога има помал број на туристи, а исто така влијае и за подобурвање на животот на корисниците на пензија во Република Македонија.
Градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов искажа задоволство што првата група пензионери за годинава својот бесплатен туристички викенд го почнува токму од неговата општина.
- Во Дорјан викендов има пензионери скоро од сите градови од Македонија. Првата група е од Источна Македонија, а во наредните викенди ќе доаѓаат од повеќе градови од земјата, рече Стамов.
Тој порача дека проектот е од посебно значење за местата како Дорјан, во месеците кога не е висока сезона и нема поголем број на посети и туристи.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка