Почна продолжението на конститутивната седница
Со речиси еден час задоцнување, во Големата сала на Собранието почна продолжението на Констититувната седница, на која Талат Џафери треба да биде реизбран за негов претседател. На самиот почеток, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова се пожали на процедурата со која беше закажана конститутивната седница и побара повеќе време за подготовка. Продолжението на седницата беше незивесно се до 10 часот, кога од Кабинетот на Џафери соопштија дека дека група од 62 пратеника доставиле предлог за негов избор за претседател на Собранието. Иако седницата беше најавувана за вчера, седницата не беше закажана, неофицијално поради незадоволство во ДУИ од кадровските решенија на партијата во новата Влада. По изгласувањето на новиот претседател на Собранието, се очекува да биде закажана и седница за избор на новата влада. Рокот за поднесување предлог за избор на новата влада од мандатарот Зоран Заев истекува на 2 септември.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Почна процесот на вработување на специјализанти
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови
-
Нови авио линии, поголем број на туристи