Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
Почна полагањето на државната матура. 15 илјади матуранти денеска седнаа на жешките столчиња и решаваа испит по мајчин јазик. Некои ученици во своите училишта, другите се прошетаа до амфитеатрите на факултетите каде има соодветни услови за полагање.
Да не се препишува, а тестаторите да си ја извршуваат работата според правилата, во спротивно ќе сносат санкции, предупреди денеска министерката за образование и наука.
И годинава еден набљудувач надгледува 15 деца. Забранети се мобилните телефони.
Сите матуранти полагаат четири предмети, два интерни, два екстерни. Резултатите од тестовите ќе бидат објавени еден месец по полагањето на вториот екстерен испит.
До година бидејќи законот за средно образование претрпи измени, ќе се променат работите. Ќе се полага посебна државна матура за стручно, за гимназиско и за уметничко образование.
Полагањето на државаната матура во 2023 година остана запаметена по групата на Вибер, во која членувале 3.100 ученици кои препишувале за испитот по предметот англиски јазик. Матурантите препишувале и лани, исто така со формирање на Вибер групи.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар