Почна оценувањето на Ренџерската чета
Припадниците на декларираната ренџерска чета од Полкот за специјални операции на АРМ во текот на вчерашниот ден на Армискиот полигон „Криволак“, почнаа со справувањето со подготвените инциденти од НАТО оценувачите во рамки на вежбата „Македонски Блесок 12“.
- Според сценариото за оценување, дел од единицата наиде на неексплодирана импровизирана експлозивна направа. Ренџерите реагираа веднаш користејќи ги макотрпно стекнатите вештини и во склад со НАТО стандардните оперативни процедури. Набргу по овој инцидент следеше реакција на непријателска заседа. Оценувачкиот тим имаше прилика да се увери во брза и ефикасна реакција, на начин како што тоа го прават најдобрите, соопшти Министерството за одбрана.
Оттаму прецизираат дека динамиката на оценувањето продолжува и во текот на вечерните часови кога се очекуваат уште неколку инциденти, а веќе следниот ден следуваат посложени задачи и инциденти во кои македонските ренџери ќе се справуваат со други борбени ситуации.
Оценувањето Ниво -1 го вршат овластени НАТО оценувачи според НАТО стандардите на оценување на борбената способност „CREVAL”.
Ново на Сител
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Средба Мицкоски - Ердоган
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија