Лајтмотивот на овогодишниот карневал, после доаѓањето на десничарот Жаир Болсонарo за претседател на Бразил, е улога на жена во општествоо и права на малцинствата.
Откога Марсело Кривела, поранешниот свештеник, стана градоначалник на Рио, ѓколите за самба се соочија со големо смалување на буџетот. Градот буквално ги преполови средствата за школите за самба, од кои една е постара од 100 години.
Натпреварување на школите
Парадата на самободромот всушност е натпреварување на најдобрите самба школи. Се одржува два дена по ред, а секој ден настапуваат шест школи, од вкупно 12 најдобри во Рио де Женеиро. Секој школа има заштитна боја, тема и музика. Интересно е што школите за парадата се подготвуваат околу 6 месеци, а првите проби на самиот самодром почнуваат веќе во декември. Со месеци се вежбаат движењата, се шијат костими и се изработуваат превозни средства.
И покрај тоа, традиционалниот танц по кој Бразил е познат ширум светот, ќе го има многу.
„Карневалот е како Светско првенство во фудбал. Сочуствуваме со трагедијата со која живее нашиот народ. Карневалот не може да ја игнорира реалност. На крајот на краевите, учесници на карневалот се работиници и родители кои еднаш годишно сакаат да се забавуваат“, рече Рафаел Перучи, портпарол на школата за самба „Портела“.
Засилена безбедност
Полицијата посебно е на штрек во текот на карневалот. Околу самбодромот има силни мерки за безбедност, а посебно се надгледува ситуацијата во фавелите, сиромашните квартови во кои главниот збор го водат нарко - дилерите. Во јануари е забележан голем пораст на насилството.
Регистрирани се дури 11.230 грабежи на улица и на јавно место, додека полицијата во пресметката со нарко-картелите усмртила 160 лица.