Почна изработката на Основен проект за реконструкција на мостот на Вардар на влезот во Велес
Општина Велес на тендер ја избра компанијата МГМ Инженеринг ДООЕЛ од Скопје што почна со изработка на Основен проект за реконструкција, односно зајакнување на конструкцијата на мостот на Вардар кај Башино Село.
Од Општина Велес информираат дека очекуваат до почетокот на летото да имаат готов и ревидиран проект и да започне постапка за градежни работи.
Имено, од Општината појаснуваат дека за да заштедат на време веќе го изработуваат проектот за реконструкција, а за побрзо завршување на постапката и пренамена на патот во регионален, на минатонеделната трибина во Велес вети дека ќе се заложи и вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Воедно Анѓушев вети дека освен реконструкција на овој повеќе од 47 години стар мост, ќе се ангажира во Велес над Вардар, нешто подолу од сегашниот, да се изгради нов мост.
Според мерењата на Заводот за испитување на материјали, извршени во август лани, само во текот на еден час на овој фрекфентен мост поминале 39 шлепери, 43 полесни товарни возила и комбиња и 250 автомобили.
Мостот е изграден во 1971 година од тогашната ЈНА. На мостот до пред десетина години поминуваше регионален пат, а веќе десетина години тој е пренеменет како локален.
Поради опасност да се сруши при поројни дождови и топење на снеговите, во изминатите години, екипи формирани од локалната власт, во тие вонредни состојби, мораа постојано да дежураат на мостот и да ги извлекуваат гранките закачени на столбовите
– Карактеристично е и тоа што мостот е низок и при висок водостој на Вардар останува само половина метар од мостовската конструкција до нивото на водата на реката Вардар, затоа неговата итна реконструкција е повеќе од неопходна, потенцираат од Општина Велес.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога