Почна изградбата на велосипедската и пешачката патека до штипската населба Балканска
Општина Штип денеска почна со асфалтирање на новата пешачка и велосипедска патека покрај река Брегалница. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев рече дека патеката во должина од 3.5 километри, а започнува од населбата „Осми ноември“ и ќе се асфалтира до населбата Балканска. Во следна трета фаза ќе се постави асфалт и на тампонираниот дел до населбата Караорман.
- Патеката зад Исарот која ја направивме пред две години почнува токму од тука, а сега со новиот зафат, одиме во горниот тек на Брегалница кон населбите „Македонка“ и „Балканска“. Но, оваа патека нема да биде важна само за жителите од овие населби, туку за цел град, бидејќи покрај постоечките два километри, сега асфалтираме уште 3.5 километри од патеката. Мислам дека овозможуваме услови за рекреација и велосипедизам и ова е проект кој е важен за градот, вели Захариев.
Тој најави дека по завршување на уредување на коритото на река Отиња во центарот на Штип, каде останаа уште 200 метри до влезот во Брегалница, ќе започне уредување и на кејот на Брегалница.
- Од влезот на реката во „Осми ноември“ па до бањата Кежовица ќе биде уредено коритото по теркот на река Отиња, значи ќе има ѕидови од двете страни со цел да се прошири коритото, но и да се заштити се она што е направено од можно излевање на реката. По принципот на уреденото корито на реките, кое го има во поголемите градови не само во Македонија туку и пошироко, имаме намера да почнеме со овој проект со што конечно ќе се среди и коритото на Брегалниц, вели Захариев.
Проектот се финансира со средства од локалната самоуправа кои според Захариев не се големи, но истиот ќе има траен ефект врз уредувањето на реката и нејзиното доближување до граѓаните.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот