-->
-->
Почна изградбата на плоштад во пехчевското село Умлена
-->
Во пехчевското село Умлена денеска започна изградба на плоштадот, проект вреден околу 1, 5 милиони денари. Средствата во висина од 1. 165.666,00 денари се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој, а финансиското учество на општината е од 269.686,6 денари.
Како што истакна Живко Каликов, соработник за односи со јавноста во Општина Пехчево, целта на проектот е да се подобрат условите за живот на жителите.
- Општина Пехчево денеска започна со расчистување на теренот и со изградба на мал плоштад во село Умлена. Целта е да се осовремени инфраструктурата што ќе придонесе и за збогатување на социјалниот живот во центарот на селото, на местото на несредениот паркинг и оштетен асфалт, ќе никне нов плоштад со соодветно осветлување и клупи за одмор и рекреација, рече Каликов.
Тој додаде дека оваа локација во селото била мини депонија.
- Станува збора за градежен зафат и интервенции преку кои оваа до неодамна мини депонија во центарот на селото, ќе прерасне во репрезентативно место на жителите на ова село, каде ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време, како и да го користат овој простор за граѓански собири од било каков вид, во интерес на сите, рече Каликов.
Селото Умлена има 390 жители и е село во кое жителите претежно се занимаваат со земјоделска дејност, а мал дел патуваат во градот Пехчево за работа во разни компании од приватниот сектор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите