-->
-->
Почна изградбата на кружната крстосница во Берово
-->
Во Берово денеска започна изградбата на кружната крстосница. Крстосницата се гради на влезот во Берово на ул.„Маршал Тито“ во делот што се вкрстува со регионалниот патен правец за Струмица.
Според информациите од Општина Берово, проектот предвидува асфалтирање на коловозна конструкција на ленти со широчина од 3,5 метри со вкупна површина од 2.332 м2, бехатонските елементи на раскрсницата ќе се постават на површина од 1140 м2, додека средното острово ќе биде со дијаметар од 20м, површина на која е планиран зелен простор.
Вкупната инвестиција за проектот е 8.530.000 денари кои се обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој и од Буџетот на Општина Берово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот