Почна изградбата на гасоводот меѓу Србија и Бугарија вреден 85,5 милиони евра
Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија започна на 1 февруари на делот од гасоводот од Ниш до границата со Бугарија кај Димитровград, а рокот за завршување на работите е октомври 2023 година, објавено е на веб-страницата на Владата на Србија.
Гасоводот во Србија ќе биде долг 109 километри, а вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји е 170 километри и е проектиран за капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно, се вели во најавата.
Вредноста на проектот е 85,5 милиони евра, од кои 25 милиони евра се заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ), 49,6 милиони евра се грантови од ИПА фондот на ЕУ, а останатите 11 милиони евра ќе бидат обезбедени од српската буџетот и средствата на Србијагас.
Покрај Србија, грант од 27,6 милиони евра од Европската комисија за изградба на гасовод на нејзина територија доби и Бугарија.
Како што е предвидено во проектот, новиот гасовод Ниш-Софија ќе обезбеди дополнителни 80 проценти зголемување на капацитетот во однос на сегашните годишни потреби на Србија, што е околу 2,4 милијарди кубни метри гас годишно.
Со овој проект ќе се овозможи полесен пристап до гас до оние места кои досега го немаа, Бела Паланча, Пирот и Димитровград.
На почетокот на работата присуствуваа премиерката на Србија Ана Брнабиќ, министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов, министерката за рударство и енергетика на Србија Зорана Михајловиќ, министерката за европски интеграции на Србија Јадранка Јоксимовиќ, шеф на Делегацијата на ЕУ во Србија. Емануел Жофре, директорот на Србијагас Душан Бајатовиќ, како и претставници на Југоросгас и Булгартрансгас и Европската инвестициска банка.
Ново на Сител
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
-

Политичка пресметка за РКЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир за Ацо Ристов
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
