Македонија
9. September 2016 - 11:40

Почна изградба на 30-метарскиот јарбол во Новаци

Општина Новаци започна со градежни активности за поставување на јарболот на кој ќе биде поставено знамето на Република Македонија.

- Во моментот почнавме со бетонирање на местото помеѓу општинската зграда и локалната пошта во Новаци каде ќе биде поставена урбаната опрема – 30 метарскиот јарбол на кој ќе биде истакнато знамето на Република Македонија, истакна Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Инвеститор на овој проект е Владата на Република Македонија, потврија од локалната самоуправа.