Почна издавањето сезонски потврди за ловење дивеч во ловиштето „Милисин“
Почна издавањето на сезонски потврди за ловење дивеч во отвореното ловиште „Милисин“ во Гевгелија за 2016 година, информира денеска подружницата на шумското стопанство „Кожуф“ од Гевгелија, која работи во рамки на Јавното претпријатие „Македонски шуми“.
Според информациите од гевгелиската подружница, сезонските потврди ќе се издаваат секој работен ден во просториите на подружницата по цена од 50 евра во денарска противвредност.
Шумските работници кои се задолжени за одржување на ловиштето „Милисин“ и за прехранување на дивечот во него, посочија дека според Законот за ловство забрането е ловење дивеч без дозвола и дека против секое лице кое ќе биде фатено да лови без дневна дозвола или сезонска потврда ќе се поднесува пријава за прекршок за кој што паричната глоба изнесува од 1.500 до 3.000 евра.
Ново на Сител
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка