Почна исплатата на сите побарувања од Фени
Фени индустри повторно произведува, а враќањето во производство доаѓа по само еден месец откако компанијата потпиша договор со Еуроникел, нашето претставништво во Македонија, порачуваат од ГСОЛ.
- Завршувањето на првиот производ на Фени индустри и враќањето во производство е доказ за нашата континуирана заложба за воспоставување на нова перспектива и иднина за „Фени“, нејзините вработени и сите засегнати страни поврзани со успешното работење. Ние го покажавме нашиот капацитет во обезбедување ресурси, знаење од индустријата и оперативното лидерство на „Фени“. Нашите финансиски и оперативни обврски, денес почнаа да резултираат и ќе бидат од корист за локалната и пошироката заедница, вработените и сите партнери, изјави Маркос Камхис, директор на ГСОЛ.
Тој нагласи дека тоа е првиот чекор кон дефинитивно решение за проблемите на „Фени“.
ГСОЛ е компанија формирана во 2009 година. Преку Еуроникел претставништвото во Македонија, беше единствената компанија која се огласи на јавниот повик на стечајниот управник на „Фени“за соработка. Како што велат според договорот веќе имаат вложено повеќе од 20 милиони евра во иднината на Комбинатот и работат на тоа да стане водечки европски производител на фероникел.
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања