Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со Северна Македонија
Фирмата „Милениум тим“ започна со истражни работи на проектот - чистење од експлозивни остатоци од војната на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
Официјалниот проект го подготви Центарот за деминирање на Република Србија, чии претставници ќе ги контролираат сите работи на реализација на проектот, а во текот на истражното работење нема да биде причинета штета на сопствениците на парцелите соопшти Југпрес.
Планот е да се изгради гасовод за јужна Србија, од Дољевац до македонската граница, кој ќе биде долг 146 километри и кој ќе обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Северна Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Поморавље во Србија.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро