Почна аплицирањето за влезници за финалето во Лигата на шампиони

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го отвори денеска процесот на аплицирање за купување билети за овогодишните финалиња во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Официјалниот портал за купување билети на УЕФА ќе биде отворен до петок, 11 април во 11 часот, а секој поединец ќе може да купи најмногу два билети за Лигата на шампионите, а по четири за преостанатите две финалиња.
Како и изминатите години, најголемиот дел од билетите се наменети за навивачите на финалистите, додека билетите за пошироката јавност ќе се продаваат преку лотарија што ќе се спроведе по завршувањето на периодот за пријавување.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 31 мај на Алијанц Арената во Минхен, со капацитет од 64.500 седишта.
Цените на билетите се движат од 70 евра за финалистите, а за останатите места ќе треба од 180 до 950 евра.
Финалниот натпревар во Лига Европа ќе се игра на 21 мај во Билбао, додека финалето на Конференциската лига на 28 мај во Вроцлав.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
