Живот
8. February 2016 - 14:09

Починала пред матура – Начинот на кој нејзиното друштво и оддаде почест го трогна целиот свет

Лoра Хилиер (18) од Бурлингтон во Канада починала после долгата борба со леукемијата.

Поради болеста, за жал не успеала да го заврши средното училиште.

Токму поради тоа на погребот нејзините врсници направија нешто навистина прекрасно.

Имено, тие на нејзиниот ковчег испишаа низа трогателни пораки со љубов и поддршка.

Лаура со години чекала на трансплантација на коскената срж, а кога конечно требало да се направи во август, ја одложиле поради недостаток на слободен кревет во болницата.

lora-hiler

Болеста се вратила во ноември, а таа починала во болницата. Друштво од одделението ја испрати на најемотивен начин, а нејзиниот ковчег го претворија во алманах кој не стигна да го добие.

Откако ја поставија фотографијата на социјалните мрежи тие напишаа дека тоа го направиле за да ги охрабрат другите да станат донатори на органи.