Почина уште една музичка легенда
Британски музичар и продуцент и еден од основачите на прогресивниот рок, Грег Лејк, почина на 70-годишна возраст, по долого и тешко боледување, објави на Твитер неговиот менаџер Стјуард Јанг.
- Вчера го изгубив најдобриот пријател, по долгата и тешка борба со ракот. Грег Лејк ќе остане во моето срце засекогаш, напиша Јанг.
Лејк се смета за еден од основачите на прогресивнот рок. Во 1969 година тој ја основа групата „Кинг Крајмсон“, а потоа со Кит Емерсон и Карл Палмер го формира бендот „Емерсон, Лејк и Палмер“.
Во 2010 година Кени Вест повторно ја популаризира песната на „Кинг Крајмсон“, „21 st Century Schizoid Man“, вклучувајќи дел од неа во неговата песна „Power“.
- Најдобрата музика е создадена за љубов, не за пари, стои на официјалната страница на Грег Лејк.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка