Почина уште еден од повредените патници од автобуската несреќа кај Велес
На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување вчеравечер починал уште еден од повредените патници од автобуската несреќа, што се случи кај велешката патарина на 20-ти минатиот месец, објави порталот Сакам да кажам.
Д-р Илир Хасани, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТАРИЛУЦ), информираше дека 78 годишен пациент вчера околу 18.40 часот подлегнал на повредите.
-Пациентот беше во тешка здравствена состојба, со скршеници на градниот кош, крварење во градниот кош и со сериозни повреди на главата, односно скршеница на вратниот рбет. И покрај обидите да се санираат повредите, тој вчеравечер почина, вели д-р Хасани.
Несреќата се случи на 20. август на автопатот Скопје-Велес кога автобус со македонски туристи кои се враќаа од Грција излета од патот. Повредени беа 28 патници, а уште истиот ден почина една од повредените патнички.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ