Почина уште еден од повредените патници од автобуската несреќа кај Велес
На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување вчеравечер починал уште еден од повредените патници од автобуската несреќа, што се случи кај велешката патарина на 20-ти минатиот месец, објави порталот Сакам да кажам.
Д-р Илир Хасани, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТАРИЛУЦ), информираше дека 78 годишен пациент вчера околу 18.40 часот подлегнал на повредите.
-Пациентот беше во тешка здравствена состојба, со скршеници на градниот кош, крварење во градниот кош и со сериозни повреди на главата, односно скршеница на вратниот рбет. И покрај обидите да се санираат повредите, тој вчеравечер почина, вели д-р Хасани.
Несреќата се случи на 20. август на автопатот Скопје-Велес кога автобус со македонски туристи кои се враќаа од Грција излета од патот. Повредени беа 28 патници, а уште истиот ден почина една од повредените патнички.
Ново на Сител
-
Паунов во Карбинци и Владев во Свети Николе прогласија победа во првиот круг
-
Петар Јанков прогласи победа во Струмица
-
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7
-
Касами прогласи победа во првиот круг на локалните избори во Тетово
-
Јовановски: Над 5,000 гласови предност во првиот круг
-
Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци
-
Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече
-
Дарко Костовски прогласи победа во првиот круг во Бутел