Свет
24. May 2023 - 21:03

Почина Тина Тарнер на 83-годишна возраст

На 83 години почина легендарната пејачка Тина Тарнер, соопшти нејзиниот портпарол.

Нејзиниот претставник во изјавата рече:

„Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“ почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија.