Почина технолошкиот гениј што ги измисли cut, copy и paste
Лари Теслер, човекот кој ги измисли опциите cut, copy и paste, почина на 73-годишна возраст. Теслер одигра клучна улога во развојот на многу производи на „Епл“, а беше претседател во две ќерки-компании на „Епл“. Пред сѐ, секако, беше еден од пионерите на компјутерската технологија каква што денес ја познаваме.
Најголемото достигнување на Теслер беше пронаоѓањето на функцијата cut, copy и paste (кат, копи и пејст), без кои ваквото користењње на компјутерите беше непојмливо.
Тој го запознал Стив Џобс во 1979 година, кога „Епл“ го посетил објектот „Xerox PARC“ каде што работел Теслер. Системите во „Xerox PARC“ подоцна ќе бидат инспирација за создавање на Мекинтош, првиот успешен личен компјутер на масовниот пазар со графички кориснички интерфејс. Со помош на неговиот Gypsy Editor (текст процесор) проект, развиен е и унапреден Click and Type интерфејс кој овозможува да се внесе текст на одреден дел од програма или документ или да се позиционира курсерот од глувчето.
Функцијата Copy/Paste е создадена од Cut/Paste комбинацијата, која и претходела, а подоцна се задржани сите три за лесно сецкање, копирање и лепење на текст и други содржини во зависност од интерфејсот, односно програмата во која се користат. Во годините потоа, овие функции добиле и свои картенки на тастатурата.
Ново на Сител
-
Њујорк тајмс: Стејт департментот планира да купи Сајбертрак блиндирани возила на Tесла за 400 милиони долари
-
Kaj 22-годишна девојка пронајдени три кеси марихуана | ВИДЕО
-
Трамп најави средба со Путин во Саудиска Арабија
-
За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Градоначалникот на Тирана останува во притвор
-
Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин