Почина скијач на Церипашина на Попова Шапка
Германскиот државјанин Ц.К.Х.(61) починал во засега неутврдени околности додека со група скијачи денеска биле на скијање на задната страна од врвот Церипашина во месноста Казани на Попова Шапка.
Според првичните полициски информации германскиот државјанин вчера пристигнал на Попова Шапка за денеска со други скијачи со ратрак да се упатат на другата страна од Церипашина каде имало снег за скијање. Според кажувањата на поединци од групата тој во еден момент додека скијал застанал, се свиткал и паднал на снегот. Веднаш било известено полициското оддление на Попова Шапка од каде побарале интервенција на хеликоптерот на МВР што пристигнал на местото и го пренел Германецот во клиниката Систина во Скопје каде лекарите само можеле да ја констатираат неговата смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје.
Ново на Сител
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН
-
Одредени се сите парови за плејофот во Лигата на шампионите