Почина сенаторот и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн
Сенаторот републиканец и поранешен кандидат за претседател на САД во 2008 година, Џон Мекејн почина синоќа на 81-годипна возраст, соопшти неговиот кабинет.
Сенаторот од Аризона се бореше со агресивна форма на мозочен тумор, која му беше дијагностицирана во јули 2017 година. Кон средината на април оваа година тој беше опериран поради цревна инфекција.
Мекејн не се појави во Конгресот од почетокот на годинава.
– Испраќам свое најдлабоко сочувство и почит до семејството на сенаторот Џон Мекејн, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.
Министерот за одбрана Џејмс Матис истакна дека со смртта на Мекејн „ние загубивме човек, кој постојано ги изразуваше најдобрите идеали на нашата земја“.
Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич МекКонел нагласи дека „во ера исполнета со цинизам во однос на националното единство и јавните институции“, животот на Мекејн е вистински пример за „бесконечен патриотизам и пожртвуваност“.
– Нацијата е во солзи. Со смртта на Џон Мекејн, Конгресот и Америка загубија лидер и човек со голем патриотизам и исклучителна храброст, изјави лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом, Нанси Пелоси.
Пораки со сочувство испратија и поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ Буш и Џими Картер, но и други американски поранешни и актуелни политичари, како и канадскиот премиер Џастин Трудо и австралискиот премиер Скот Морисон. (МИА)
Ново на Сител
-
АМСМ: Од денеска до 31 август забрана за движење на тешки товарни возила при екстремно високи температури
-
Таравари: Работиме на решение за компресоприте во хируршките сали
-
УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град
-
Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција
-
Македонскиот амбасадор во Албанија на средба со министерот Муцунски по објавените податоци од пописот
-
МВР: Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај нив била пронајдена дрога
-
Мицкоски: На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција | ВИДЕО
-
Високи претставници на демократите во САД отфрлаат засега можност за замена на Бајден поради повиците тој да се откаже од трката за претседател