Почина Радмила Ставриќ – Хрисохо, специјалист по биохемија
Во родниот град Скопје, на 93-годишна возраст, почина д-р Радмила Ставриќ-Хрисохо, специјалист по медицинска биохемија и основач на лабораторијата при Интерната клиника на Универзитетскиот Клинички центар.
Своите знаење од медицината ги усовршувала во Загреб, Белград, во Англија, Австрија и Данска. Ставриќ-Хрисохо е основач на Лабораторијата при Интерната клиника во Скопје, била директорка на Институтот за клиничка биохемија од неговото основање во 1975 година. Раководела со многу истражувачки проекти и објавила над 80 трудови. Држела настава на Катедрата по биохемија на Медицинскиот факултет во Скопје како редовен професор (почнувајќи од 1986 година).
Ставриќ-Хрисохо била избрана за прв претседател на Здружението на медицинските биохемичари на Македонија во 1990 година.
На 7 април 2020 година, по повод Светскиот ден на здравјето, Македонското лекарско друштво и ја додели повелбата „Трифун Пановски“.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
