Почина продуцентот на „Битлси“ Џорџ Мартин
Продуцентот на прославената ливерпулска четворка „Битлси“, Џорџ Мартин, честопати нарекуван и „петти член“ на групата, почина на 90-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Мартин беше продуцент на поввеќе од 700 нумери на „Битлси“, но има работено како продуцент и со цела низа познати пејачи и групи, како Ширли Бејси и Сила Блек, „Гери енд Пејсмејкерс“, Стинг, Селин Дион, со оперскиот пејач Хозе Карерарас, како и со џезистот Стен Гец.
Џорџ Мартин, син на столар од северен Лондон, им помогна на „Битлси“ да постигнат светски успех, учествувајќи како продуцент на песните на Џон Ленон и Пол Макартни и на целата група, но и како главен шеф на дискографската фирма „Парлафон“, откако прв пат слушна за нив во 1962 година.
Британските музички експерти се согласуваат дека без него, „Битлси“ ќе беа сосема поинаков бенд и немаше да го имаат оној звук што ги направи познати, ценети и популарни во светот.
Во текот на нивната соработка, Ленон и Макарти не секогаш се согласувале со неговите сугестии, како на пример, со внесувањето на гудачки квартет во песната „Yesterday“, но тие секогаш ги прифаќале неговите идеи, па така оваа песна стана светски хит веднаш штом прв пат беше емитувана.
Изрази на сочувство, но и на голема почит за Мартин, први испратија Ринго Стар (75), тапанарот на групата, Шон Оно Ленон, синот на прославениот Џон Ленон, како и британскиот премиер Дејвид Камерон.
Во 1997 година, Мартин беше продуцент на новата верзија на хитот на Елтон Џон „Candle in the Wind“„ што е досега најпродаваниот сингл во музичката историја.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии