Почина познатиот актер кој на снимање го застрела синот на Брус Ли
Актерот Мајкл Маси почина вчера на 61 година, пренесуваат американските медиуми.
По трагедијата која му се случи на еден сет и повлекувањето од јавноста се врати на сцената и оствари бројни улоги како двете во „Спајдермен“, во сериите „Досие Икс“, „Алијас“,„Доктор Хаус“.
Маси во 1993 година случајно на сет го застрела својот колега Брендон Ли. За време на снимањето на сцена во која Мајкл требало да го застрела Брендон, по грешка на тимот задолжен за реквизити се нашол вистински куршум во пиштолот. Имено, истиот пиштол бил користен претходниот ден кога требало да биде наполнет со вистински куршуми, па еден од нив останал во цевката.

Брендон, кој инаку му беше син на познатиот Брус Ли, итно бил пренесен во болница каде починал на 31 март 1993 година на 28 години.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години

