-->
-->
Почина поранешниот премиер на Северна Ирска и нобеловец Дејвид Тримбл
-->

Дејвид Тримбл, поранешниот премиер на Северна Ирска и добитник на Нобеловата награда за мир за неговата работа за помирување меѓу протестантите и католиците во Северна Ирска, почина синоќа на 78-годишна возраст, соопшти Унионистичката партија Алстер.
„Со голема тага семејството на Лорд Тримбл објави дека тој почина мирно по кратко боледување”, се вели во соопштението на семејството објавено од неговата унионистичка партија во Алстер. Тримбл, протестант, влезе во политиката во раните 1970-ти и помогна да се потпише мировниот пакт од Велики петок со католикот, покојниот Џон Хјум, со кого заедно ја доби Нобеловата награда за мир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
