Почина петмесечно бебе во Грција откако таткото го заборавил во автомобилот
За убиство од небрежност се товари 37-годишен маж од грчкиот град Арта, откако повеќе од пет часа го заборавил неговото пет и пол месечно бебе во автомобилот и било пронајдено мртво, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчките медиуми повикувајќи се на полициски извори објавија дека таткото требало да го однесе новороденчето во градинка, но го заборавил на задното седиште од автомобилот, а кога мајката отишла да го земе од градинка, ја известиле дека воопшто не било донесено.
Стапила во контакт со нејзиниот сопруг за да дознае што се случило, по што било откриено дека бебето останало во автомобилот, веднаш го пренеле во болница, но била констатирана смрт.
Родителите на бебето се хоспитализирани во лоша психичка состојба, а обвинителот покренал обвинение за убиство од небрежност против 37-годишниот маж.
Ново на Сител
-

Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали
-

Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар
-

Истражување: Повеќето жени во Германија се чуствуваат небезбедни на јавни места
-

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција
-

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)
-

Прв лет Скопје - Мадрид
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
