Почина пејачката Бони Тајлер

Пејачката на хитот „Total Eclipse Of The Heart“, Бони Тајлер, почина на 75-годишна возраст, се наведува во соопштение објавено на нејзината веб-страница.
Велшката поп-ѕвезда, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, почина само неколку месеци откако беше лекувана на интензивна нега, каде што беше ставена во индуцирана кома по итна операција на цревата, пренесе ДПА.
Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на пејачката, нејзиното семејство наведе: „Семејството и тимот на Бони со скршени срца објавуваат дека Бони неочекувано почина синоќа во болница во Португалија, како резултат на болеста од која се лекуваше. Во текот на денот ќе излеземе со дополнително соопштение, но засега бараме приватност за да се соочиме со оваа трагедија“.
Во мај беше објавено дека пејачката била пренесена во болница во близина на нејзиниот дом во Фаро поради итна операција.
Тајлер летово требаше да настапи на фестивалот „Саншајн“ (Sunshine Festival) во Ворчестер, како и на неколку други европски локации, а имаше закажано и настап во арената „Утилита“ (Utilita Arena) во Кардиф за 17 декември.
Пејачката стекна меѓународна слава во 1980-тите со објавувањето на нејзиниот хит-сингл „Total Eclipse Of The Heart“, кој се искачи на врвот на топ-листите во Велика Британија и САД.
Препознатлива по својот рапав глас, Тајлер во текот на годините објави и многу други хитови, меѓу кои „Holding Out For A Hero“, „It’s A Heartache“ и „If You Were A Woman (And I Was A Man)“.
Таа го претставуваше Обединетото Кралство на Изборот за песна на Евровизија во 2013 година во Малме, Шведска, со песната „Believe In Me“, каде што го зазеде 19-то место.
Во 2023 година, таа беше одликувана со орден МБЕ (MBE) за нејзините заслуги во музиката.
Ново на Сител
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
-

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис со многу високо ниво на THC, пристигнати од Канада
-

Симовски: Дадовме солиден отпор против светскиот вицепрвак
